За 30 милиони долари се продава куќата на Елвис Присли
Куќата е ставена на продажба пред две недели по цена од 20 милиони долари, заедно со плацот во близина, кој чини 9,3 милиони долари.
Некогашната вила на Елвис Присли, со седум спални соби, рибник во дворот и традиционална јапонска чајџилница, се продава за скоро 30 милиони американски долари. Имотот се наоѓа во Лос Анџелес.
Куќата е ставена на продажба пред две недели по цена од 20 милиони долари, заедно со плацот во близина, кој чини 9,3 милиони долари. Тоа го потврди и гласноговорничката на агенцијата „Хилтон и Хајланд“ којашто ја води продажбата. Повеќе подробности за продажбата сè уште не се објавени, но гласините говорат дека вилата ќе им припадне на Рајан Хекмат и Јасмин Ларијан – сопствениците на модниот бренд Култ Гаја.
Другата куќа, исто така – во Лос Анџелес, во која живеел Елвис Присли, лани беше продадена за 25,5 милиони долари.