ЗА 3 ГОДИНИ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, ШТО Е КОЛКУ ЦЕЛ ДРЖАВЕН БУЏЕТ На државата СДСМ и ДУИ ѝ врзаа јамка, а сега мудруваат

Седум години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата, го дава максимумот за македонските граѓани и генерира раст, вели премиерот Христијан Мицкоски.

86

Македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ ѝ врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба во следните 3 години да врати долгови во вредност од еден државен буџет, околу 6 милијарди евра, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 милијарди и 300 милиони евра стари задолжувања, а поради катастрофалното работење на минатата влада стигаат и други неочекувани долгови како што е данокот на луксуз кој минатата влада го донесе противуставно, а Уставниоот суд го поништи и сега оваа влада треба да го враќа.






– Следната година треба да вратиме околу 1 милијарда и 600 милиони евра сосе каматите кои треба да се платат за претходни задолжувања, годината потоа 2 милијарди и 600 милиони евра. Во следниве 3 години ние треба да вратиме отприлика еден буџет. Немаме бафер повеќе во буџетот ние. Јамката тие кои што ѝ ја врзаа на Македонија и на македонските граѓани, најмалку имаат право сега денес да го прават повторно ова, да ги тормозат, кога конечно се консолидираме и си ги сервисираме обврските, а од друга страна генерираме раст. Ова е реалноста – рече премиерот Мицкоски во гостување на ТВ21.

Тој нагласи дека е во ред тоа што опозицијата излегува и критикува, но треба да се знае реалноста дека 7 години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата и го дава максимумот за македонските граѓани.

– Македонија и македонската економија имаат најниски давачки во Европа. Имавме притисок да го зголемиме ДДВ од страна на меѓународни финансиски институции, не го направивме тоа, имавме притисок да ги зголемиме и другите даноци, данокот на добивка да биде скалест, да не биде рамен, не го направивме тоа, од трета страна имавме притисок и да ја зголемиме возраста за пензионирање, не го направивме тоа. Ние како влада направивме сè да го поддржиме бизнисот за да отвори нови работни места и тоа се случува. Кога ќе ги споредите ноември 2024 година и ноември 2025 година ќе видите дека имате отворени нови 10.000 работни места и токму толку има помалку невработени во државата – потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека владината политика вроди со резултати и дека имаме економски раст.

– Се очекува годината да ја завршиме со 3,5 % раст, евентуално 4% е максимумот со овој капацитет на работна сила и македонската економија, затоа што во услови на војна во Украина и европскиот пазар е во криза – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини