„ЗА 3-4 МЕСЕЦИ ЌЕ СТАНЕ ПОЛОШО ОД ТОА ШТО БИЛО ВО 1945 ГОДИНА“ Вучиќ предвидува нова светска војна?

Зборувајќи за геополитичката ситуација во светот, српскиот претседател рече дека има многу фокусни точки и дека големите сили на тоа гледаат според принципот „добро е додека се случува на друго место“.

1,714

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува за три до четири месеци да се дојде до најлошата ситуација во светот од Втората светска војна, пренесува РТС.

Зборувајќи за геополитичката ситуација во светот, Вучиќ рече дека има многу фокусни точки и дека големите сили на тоа гледаат според принципот „добро е додека се случува на друго место“.






– Добро е сѐ додека тоа се случува на друго место, така мислат тие. Долгорочно не гледам решение бидејќи работите се менуваат, некои се спротивставуваат на тие промени – изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека има бројни прекршувања на меѓународните договори, само што некои биле многу прецизни во одредувањето и покажувањето на оние кои ја прекршиле Повелбата на ОН, а не им било баш гајле што ја прекршиле кога ни го направиле.

– Но, што можете да направите, тоа лицемерие и играта на меѓународната политика, посилниот е во право, и толку. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, па да ги оставиме сите нивни разговори за меѓународното право. Ние малите имаме да се држиме до меѓународните права затоа што тоа е единственото нешто на што можеме да се држиме, а овие големите ќе се борат и ќе се борат и ќе станува сè полошо и полошо – заклучи Вучиќ.

Поврзани содржини