ЗА 24 ЧАСА ПРИЈАВЕНИ 8 СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Двајца уапсени во Струга и во Куманово
Нападите се случувале во домови, но и на јавни места, а жртви се жени, малолетници и членови на семејства.
Серија случаи на семејно насилство и закани се пријавени во повеќе градови низ земјава, при што дел од насилниците завршиле во полициска станица. Нападите се случувале во домови, но и на јавни места, а жртви се жени, малолетници и членови на семејства.
Во Скопје, 49-годишна жена пријавила дека вчера вечерта во својот дом на Бит Пазар била физички нападната од сопругот Г.Ј.(49), кој ѝ упатувал и закани.
Исто така во Скопје, 36-годишна жена пријавила дека вчера попладне во Центар, нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39) ѝ упатувал закани.
Друга 25-годишна скопјанка пријавила дека завчера добила закани од сопругот Љ.Г.(30), со кого била во бракоразводна постапка, а заканите биле насочени и кон нејзиното семејство.
Во Кочани, 24-годишна жена пријавила дека завчера вечерта во домот каде што престојувала била физички нападната од сопругот Д.П..
Во Струга, полицијата денеска во раните утрински часови го уапсила Р.М.(46), откако неговата сопруга пријавила дека ја нападнал во семејниот дом.
Во Куманово, 15-годишно девојче пријавило дека било физички нападнато од својот татко Ф.Л..
Исто така во Куманово, полицијата вчера го привела З.Г.(52), кој ја нападнал својата сопруга.
Во Битола, 53-годишна жена пријавила дека вчера вечерта нејзиниот малолетен син бил нападнат со дрвен предмет од нејзиниот партнер Т.Н..
Полицијата соопшти дека работи на расчистување на сите случаи и најави соодветни пријави против осомничените.