За 24 часа 283 лица во изолација и самоизолација, 72 лица го прекршиле полицискиот час

272

Во изминатото деноноќие на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале  изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во  својот дом, информира МВР.

– По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци – велат од МВР.

 

Поврзани содржини