За 23 отсто зголемен бројот на новозаразени од ковид-19 – најмногу регистрирани има во Скопје, најкритично е во Неготино

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје со неделна инциденца – 349,7 случаи на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија.

514

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 март 2021 година, регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи на ковид-19 од вкупно 35 градови во државата, а тоа значизголемување од 23 отсто во однос на минатата недела.

„Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје со неделна инциденца – 349,7 случаи на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 отсто, или во просек 20,9 отсто, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (20,1 отсто), 40-49 (17,8 отсто), 50-59 (17,4 отсто) и 20-29 (14,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,3 отсто) и 10-19 години (5,2 отсто). По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус ‘оздравени‘ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела“, се вели во соопштението на ИЈЗ.






Таму е наведено и дека пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела.

„Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години“, се вели во извештајот.

Поврзани содржини