ЗА 20% ПОРСНА ЦЕНАТА НА ГАСОТ На холандската берза еден мегават чини 39,8 евра

Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку цевководи, а планира да ја запре и набавката на течен природен гас (ЛНГ). Во моментов, тие купуваат гас главно од САД, Катар и Норвешка.

205

Цените на гасот во Европа се зголемија за повеќе од 20% под влијание на американско-израелскиот напад врз Иран и прекините во транзитот на енергетски производи низ Ормутскиот теснец.

На референтната холандска  берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во април утрово изнесуваше 39,84 евра.

 






Сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец речиси запре, иако Иран официјално не го затворил. Дневно 20 милиони барели нафта и околу една петтина од пратките на течен гас минуваат низ теснецот, главно од Катар, според податоците на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) од 2024 година.

Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку цевководи, а планира да ја запре и набавката на течен природен гас (ЛНГ). Во моментов, тие купуваат гас главно од САД, Катар и Норвешка.

Поврзани содржини