ЗА 20% ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Се потпиша нов Колективен договор

Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

456

Потпишан е Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита од страна на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков.

Со овој Колективен договор се овозможува зголемување на платите за 20% за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита.






Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

– Ова е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните – истакна министерот Лимани по денешното потпишување на Колективниот договор.

 

Поврзани содржини