ЗА 20 ДОЛАРИ Канје Вест ќе продава облека од „Баленсијага“, „Адидас“ и „Гап“ (ВИДЕО)
Канје го објави ова во новото интервју за сајтот X17, во кое ја покажа својата канцеларија во Лос Анџелес. Притоа се гледале бројни вработени на раперот како шијат облека.
„Исековме 100 дуксери од „Јези“, дуксери од „Баленсијага“, ја исековме и облеката што ја направивме со „Гап“ и „Адидас“ и сето тоа ќе чини 20 долари“ рекол Вест, а потоа зборувал и за својата претседателска кандидатура.
„Мораме да обезбедиме секој да може да добие ист квалитет на храна, ист квалитет на вода, ист квалитет на образование, наставен план и програма, инженерство. Ние сме суштества со инженерски способности, поминуваме низ минатото. Фокусирани сме на иднината “, ја објасни раперот својата политичка програма.
Ова не е првпат раперот да се обиде да стане претседател на САД, а се кандидираше уште во 2020 година.