ЗА 2 ДЕНА ФАТЕНИ 179 ВОЗАЧИ НА МОТОРИ БЕЗ КАЦИГА Дури 384 лица возеле пребрзо
Од вкупно 1.455 казни за сообраќајни прекршоци, 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.
Во текот на изминатите два дена (13-14.08.2025) се издадени вкупно 1.455 казни за сообраќајни прекршоци. Од нив 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено, 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење на заштитен шлем.
Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, најмногу прекршоци во текот на викендот 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 поради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Согласно Законот за возила, 39 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.