ЗА 15 ГОДИНИ 86.566 МАКЕДОНЦИ ДОБИЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШ Официјални податоци од Софија
Лани околу 3.500 македонски граѓани поднеле молби за добивање бугарско државјанство.
Во последните 15 години, откако Бугарија е членка на Европската Унија, 86.566 Македонци извадиле бугарски пасоши, покажуваат податоците на бугарското министерство за правда дадени за бугарската агенција БГНЕС. Тоа е повеќе од половина од сите граѓани на други држави што добиле бугарско државјанство – 162.865 лица.
Во 2020 година, според овие податоци, над 9.000 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, а во 2021 година 7.692 лица. Во 2021 биле дадени вкупно 15.167 бугарски пасоши на странци.
Лани околу 3.500 македонски граѓани поднеле молби за добивање бугарско државјанство.
Во Молдавија има 26.161 жител со бугарски пасоши, а во Украина досега има 14.391. Во Албанија 5.732 лица добиле бугарски пасоши. Во Србија има 9.494 граѓани со бугарски пасоши во последните 15 години. Бугарски пасоши добивале и Руси, Израелци, Турци, Ерменци…