За 1,5 милиони затвореници во Европа се бараат посебни мерки за заштита

50 европски невладини организации, кои се вклучени во областа на здравјето во затворите, изразија вознемиреност од неподготвеноста на казнено-поправните управи да се справат со ширењето на коронавирусот.

346

Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа објави мислење за третманот на лицата лишени од слобода, во време кога се преземаат сериозни мерки во борбата против Ковид-19. Комитетот за превенција од тортура ги потсетува сите релевантни чинители на апсолутната забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман, соопшти Хелисншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Комитетот за превенција од тортура го објави ова мислење веднаш после апелот на 50 европски невладини организации, кои се вклучени во областа на здравјето во затворите. Овие организации изразија вознемиреност од неподготвеноста на казнено-поправните управи да се справат со ширењето на коронавирусот на континентот и од недоволното размислување за специфичната состојба на затворите во националните планови за подготвеност и системите за справување со инциденти во областа на јавното здравје.






Тие потсетија дека во секое време во затворите низ континентот има над 1,5 милиони лица и согласно меѓународните договори, земјите се обврзани да ги преземат потребните мерки за заштита на животот и здравјето на притворените и затворените лица. Организациите-потписнички ги алармираа засегнатите меѓународни организации, пред сè СЗО и Советот на Европа, за сериозните недостатоци забележани на терен и ги повикаа да направат притосок врз владите да преземат посебни здравствени мерки.

 

Поврзани содржини