„Z“ ОД МРТВИ РУСКИ ВОЈНИЦИ Украинците го „одбележуваат“ напредувањето кон Харков

За потсетување, Харков беше еден од првите градови нападнат во окупацијата и е блиску до руско-украинската граница. Градот уште е жестоко гранатиран од руските авиони. Со напредувањето кон Харков, Украинците им го сечат патот за снабдување со храна и оружје на Русите, кои целат да го освојат Донбас.

1,167

Украинските сили го направиле озлогласениот симбол „Z“ со помош на четири мртви тела од руски војници на улица во гратче во близина на Харков. Украинците напредуваале околу 45 километри кон Харков и се на пат повторно да ја вратат контролата врз него, пишува ДејлиМејл.

Според информациите на Пентагон, се работи за гратчето Стари Сталтив на североистокот од земјата. Новинарите го опишале блиското гратче како „гробишта под отворено небо“.






За потсетување, Харков беше еден од првите градови нападнат во окупацијата и е блиску до руско-украинската граница. Градот уште е жестоко гранатиран од руските авиони. Со напредувањето кон Харков, Украинците им го сечат патот за снабдување со храна и оружје на Русите, кои целат да го освојат Донбас.

Поврзани содржини