Изненадување за фановите на „Лед Цепелин“
Тоа беше првиот настап на „Лед Цепелин“ по распадот во 1980 година. За влезници на концертот се пријавија повеќе од 27 милиони луѓе од целиот свет, а добитниците беа извлечени по пат на лотарија.
На „ЈуТјуб“ каналот на легендарната музичка група „Лед Цепелин“ утре ќе биде објавен концертниот филм „Celebration day“.
Во целост ќе биде достапен за гледање од 21 часот. Инаку, станува збор за снимка од познатиот концерт што групата го одржа на 10 декември 2007 година во лондонската О2 Арена. Тогаш настапија членовите на оригиналната постава: Роберт Планд, Џими Пејџ и Џон Пол Џонс, а наместо покојниот тапанар Џон Бонам свиреше неговиот син Џејсон.
Тоа беше првиот настап на „Лед Цепелин“ по распадот во 1980 година. За влезници на концертот се пријавија повеќе од 27 милиони луѓе од целиот свет, а добитниците беа извлечени по пат на лотарија.