WOLT ОТКРИ КАКО РАБОТИ НЕГОВИОТ АЛГОРИТАМ Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност
Резултатите покажуваат дека повеќе од 90% од партнер-доставувачите изразиле задоволство од нивото на јасност и достапност на информациите, додека партнерите бележат континуиран раст на видливоста и продажбата благодарение на дигиталните алатки и поддршката што ја обезбедува Wolt.
Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат.
Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на вашите омилени јадења, се донесуваат од алгоритми, разбирањето како тие функционираат станува поважно од кога било претходно. Wolt, водечката платформа за дигитална достава, е една од ретките компании што отворено зборува за тоа. Компанијата, која во Македонија почна со работа од први април годинава, го објави својот Извештај за алгоритамска транспарентност, кој открива како технологијата зад апликацијата го обликува секојдневното корисничко искуство, ги поддржува партнерите и луѓето за достава и поставува високи стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција.
Извештајот за 2025 година покажува напредок во персонализацијата и ефикасноста на услугите на Wolt благодарение на напредните модели за машинско учење и генеративната вештачка интелигенција. Овие иновации овозможуваат попрецизни проценки на времето на испорака, автоматизација на клучните процеси и побрза комуникација помеѓу корисниците, партнерите и возачите на достава, додека се одржува човечки надзор и емпатија во секоја интеракција.
Посебно внимание во извештајот е посветено на транспарентноста на алгоритмите што влијаат на цените на доставата, препораките и распределбата на задачите. Разбирањето како функционираат овие системи ја зајакнува и довербата на сите корисници на платформата. Резултатите покажуваат дека повеќе од 90% од партнер-доставувачите изразиле задоволство од нивото на јасност и достапност на информациите, додека партнерите бележат континуиран раст на видливоста и продажбата благодарение на дигиталните алатки и поддршката што ја обезбедува Wolt.
– Преку отворена комуникација, иновации и јасни објаснувања, сакаме да ги доближиме нашите корисници, партнери и партнери-доставувачи до тоа како функционираат нашите алгоритми, како ги заштитуваат личните податоци и како придонесуваат за создавање на најдобро можно корисничко искуство. Ова е единствениот начин да се изгради доверба и заедница што ја разбира технологијата зад секојдневните одлуки – изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален менаџер за Србија и Wolt Македонија.
Зад рестораните, пекарниците и продавниците што корисниците ги гледаат во апликацијата стојат локални бизниси кои допираат до нови купувачи и го прошируваат својот опфат преку платформата. Поголемиот дел од партнерите на Wolt се мали локални бизниси, 88% работат само на една до три локации. Овие партнери заедно остварија повеќе од пет милијарди евра продажба минатата година низ сите пазари на Wolt.
Извештајот е во согласност со клучните европски регулативи, вклучувајќи го Законот за дигитални услуги (DSA), Законот за вештачка интелигенција и Директивата за работа преку дигитални платформи. Со тоа, Wolt ја потврдува својата посветеност на одговорното користење на вештачката интелигенција и поставувањето стандарди за транспарентност во дигиталната економија.
Целиот извештај за транспарентност на алгоритмот Wolt можете да го прочитате тука.