WOLT – МОЖНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА И ЗА СТУДЕНТИ И ЗА ВРАБОТЕНИ Kако доставувачите ги балансираат слободното време и дополнителната заработувачка?

Приказните на Wolt доставувачите се различни, но сите ги обединува еден мотив — флексибилноста.

245

Во брзиот ритам на Скопје, сè повеќе луѓе бараат начини да најдат баланс помеѓу стабилна заработувачка и флексибилен распоред. За Андреј В., хонорарен партнер доставувач на Wolt, токму таа комбинација претставува формула за успех и лична исполнетост.

– Со Wolt се запознав преку пријатели кои веќе работеа за компанијата надвор од Македонија. Споделија одлични искуства, од добра заработувачка до стабилност и иновации. Сето тоа ме заинтригира да истражам повеќе – вели Андреј, кој и покрај полното работно време на друга работа, досега исполнил повеќе од 900 нарачки.






Приказните на Wolt доставувачите се различни, но сите ги обединува еден мотив — флексибилноста. Всушност, според зборовите на Андреј тоа е факторот што инспирира различни животи. Некои се студенти кои работат после предавања или за време на викендите, други се млади професионалци кои сакаат дополнителна заработка, родители кои комбинираат работа со семејни обврски или вработени со полно работно време кои ја ценат слободата да изберат кога ќе работат.

– Мојот ден е динамичен. Работам од рано наутро до пладне, а потоа го користам времето за одмор или лични обврски, пред да започнам со смената во Wolt. Најмногу ме привлекува можноста за добра заработувачка и концептот на кој функционира компанијата – објаснува Андреј.

За многумина, вклучително и за Андреј, флексибилноста не е единствениот адут.

– За мене, клучен елемент е професионалниот однос што го нуди Wolt и можноста за добра заработувачка која ме мотивира да бидам уште попосветен – додава тој.

Андреј е дел од Wolt од самиот почеток кога, пред само неколку месеци започна со доставување во Скопје. Вели, кога ја сакаш работата, тоа се чувствува.

– Со многу од сопствениците на ресторани и со редовни клиенти веќе имам пријателски однос. Љубовта кон моторите ми носи дополнително задоволство, а самото возење често ми делува терапевтски – вели тој.

Токму затоа, доставувањето храна за Wolt не е само „да донесеш храна од точка А до точка Б“. Тоа е можност да бидеш дел од динамичен, технолошки поддржан екосистем кој нуди и стабилност и професионализам.

– Моето чувство да сум дел од Wolt е професионално, исполнително, динамично, предизвикувачко и амбициозно – заклучува Андреј.

Wolt не е само платформа за доставување. Компанијата постојано инвестира во обука за тимот, поддршка за потрошувачите и фер услови за заработувачка.

Поврзани содржини