„Wizz Air“ денес најави дека сите летови од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 Април. Овие мерки беа објавени на 18 Март 2020, 23.00 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на Коронавирусот.
Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на „wizzair.com“ или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на „Wizz“ сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Wizz Air“. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.
„Wizz Air“ се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.