ВЖЕШТЕН ТЕЛЕФОНОТ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ Вкупно 1.903 повици во изминатото деноноќие
Кон полиција биле упатени 55,10%, кон Итната медицинска помош 39,59%, кон пожарникарите 2,45 % од реалните повици, информираат од Центарот за управување со кризи.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие имало вкупно 1.903 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 33,16%, а 66,84% биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 55,10%, кон Итната медицинска помош 39,59%, кон пожарникарите 2,45 % од реалните повици.
– Инаку, 1.279 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,86% со другите 68,72% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во секторот Е-112 во содејство со секторот за операции и координација. За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи – соопштија од ЦУК.