ВУЛКАН ИСФРЛИ ПЕПЕЛ ВО ВИСИНА ОД 5 КМ НА КАМЧАТКА Загрозени се населени места и природниот резерват Кронотски

Пепелот се шири во правец на северозападните населени места и природниот резерват Кронотски е загрозен.

102

Вулканот Каримски на Камчатка, на рускиот Далечен Исток, денеска исфрли пепел во висина до 5 километри, а пепелот може да покрие населени места, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Во соопштението се наведува дека пепелот се шири во правец на северозападните населени места и дека е загрозен природниот резерват Кронотски.






Од Министерството посочуваат дека најверојатно до 28 јуни вулканот ќе продолжи да исфрла пепел што ќе падне врз населените места.

Поврзани содржини