📽️ ВУДИ АЛЕН ИМАШЕ ОНЛАЈН ОБРАЌАЊЕ НА РУСКИ ФЕСТИВАЛ, УКРАИНЦИТЕ ЗБЕСНАА Американскиот режисер изразил восхит кон познат руски режисер

Ален вчера беше поканет да говори на 47. издание на фестивалот, каде настанот го модерираше прорускиот режисер и актер Фјодор Бондарчук, кој е под западни санкции поради поддршката на руската војна против Украина. За време на разговорот, според руските медиуми, Ален изразил восхит кон таткото на Бондарчук, познатиот режисер Сергеј Бондарчук.

237

Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал.

„Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската дипломатија преку социјалните мрежи.






Министерството нагласи дека Ален избира да ги игнорира злосторствата што Русија ги извршува во Украина веќе 11 години, почнувајќи од анексијата на Крим и дестабилизацијата на источна Украина во 2014 година.

„Културата не смее да биде искористена за перење злосторства или како алатка за пропаганда“, се наведува во соопштението.

 

Ален вчера беше поканет да говори на 47. издание на фестивалот, каде настанот го модерираше прорускиот режисер и актер Фјодор Бондарчук, кој е под западни санкции поради поддршката на руската војна против Украина. За време на разговорот, според руските медиуми, Ален изразил восхит кон таткото на Бондарчук, познатиот режисер Сергеј Бондарчук.

– Отсекогаш сум ги сакал руските филмови – изјавил Ален.

Како што пренесува ДПА, 89-годишниот режисер, сепак, избегнал да одговори на прашањето дали сака да снима филм во Русија и не се впуштил во политички коментари.

Поврзани содржини