Вучиќ: Знам дека е договорена испорака на кинески вакцини во С. Македонија

1,540

Српскиот претседателот, Александар Вучиќ, денеска посочи дека сите се заинтересирани за кинеската вакцина, но дека Србија не може да ги извезува, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес конференцијата со кинескиот амбасадор Чен Бо, на прашањето до каде може да посредува или да им помага на земјите од регионот во набавка на вакцините, Вучиќ изјави дека Кинезите донесуваат одлука каде се извезуваат вакцините.






– Сите се заинтересирани, но ние не можеме да ги извезуваме. Ние можеме да ги користиме само кај нас – објасни тој, додавајќи дека колку што знае, постои договор за испораки и во други земји во регионот, како Црна Гора и Северна Македонија.

Тој синоќа на белрадскиот аеродром дочека уште 500.000 дози вакцини на кинескиот „Синофарм“.

Поврзани содржини