ВУЧИЌ ЗАДОВОЛЕН ОД САМИТОТ „Ова не беше Денот Д, но беше Денот ОК – постигнавме некаков договор“

,Формирањето на Заедница на српски општини на Косово останува приоритет, тврди српскиот претседател.

1,233

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат составен дел од преговарачката рамка на двете страни, јави Н1.

Вучиќ рече дека Европскиот совет на долгиот пат ќе оцени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле. Тој рече дека формирањето на ЗСО во согласност со претходно постигнатите договори како дел од дијалогот е поставено како приоритетна обврска.






„И од тоа сум задоволен’, рече тој и додаде дека ќе има натамошни разговори за исчезнати лица и други работи.

Тој додаде дека и денеска не потпишал ништо и изјави дека планот за реализација ќе се надградува.

„Двајцата на различни начини јасно ставивме до знаење кои се неговите црвени линии, а кои се нашите црвени линии  Мислам дека направивме добар чекор напред во конструктивна атмосфера и дека ќе почнеме да правиме нешто. Се разбира, тоа не беше Денот Д, но беше ОК ден“, рече тој.

Поврзани содржини