ВУЧИЌ ВО ЧЕЧЕНСКА НОСИЈА Кадиров му испрати уникатен подарок на српскиот претседател (ФОТО)
Советникот на Кадиров, Турко Даудов, за време на разговорите ги пренел поздравите од Чеченија до претседателот на Србија и преку него до целиот српски народ, а на крајот од средбата е направена интересна фотографија каде Даудов на Вучиќ му врачил национална бурка и капа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а на Инстаграм се пофали дека си добил и многу интересен и уникатен подарок, соопштија ТВ Н1 и Нова.
Советникот на Кадиров, Турко Даудов, за време на разговорите ги пренел поздравите од Чеченија до претседателот на Србија и преку него до целиот српски народ, а на крајот од средбата е направена интересна фотографија каде Даудов на Вучиќ му врачил национална бурка и капа.
Вучиќ ја искористил приликата да му се заблагодари на тоа што рускиот народ за Србите е братски народ.
– Руско-српските односи не можат да бидат уништени под никаков притисок – изјавил Вучиќ, соопштија белградските медиуми.
View this post on Instagram