ВУЧИЌ ВО 6 НАУТРО ВОНРЕДНО Ѝ СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА Српската нафтена индустрија ќе има нафта до 1 ноември, после ќе биде тешко!

Во изминатите години, НИС беше еден од најголемите инвеститори и даночни обврзници во Србија, со стратешка улога во снабдувањето со гориво и нафта на целиот Балкан. Таа управува со рафинериите во Панчево и во Нови Сад, како и со мрежа од над 400 бензински пумпи во регионот. Воведувањето на санкциите може сериозно да го наруши енергетскиот баланс на Србија, бидејќи земјата зависи од увоз на сурова нафта преку хрватскиот нафтовод „Јанаф“.

4,424

Во четвртокот наутро, во 6 часот, претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати до нацијата во вонредно телевизиско обраќање, изјавувајќи дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) може да продолжи да работи без дополнителен дотур на нафта само до 1 ноември, по што, како што рече, ситуацијата ќе стане многу тешка.

„Утрово во 6 часот САД воведоа санкции – стапија на сила санкциите против Нафтната индустрија на Србија. Тоа е лоша, но очекувана вест за нашата земја. Најважно е граѓаните на Србија да разберат дека ова не е насочено против поединец или некој државен апарат, туку дека е нешто што ќе го погоди секој граѓанин на нашата земја. Мораме да бидеме обединети и да најдеме најдобри решенија,“ изјави Вучиќ.






Тој потсети дека НИС била приватизирана во 2008 година, кога, како што рече, „некои одлучиле дека во тој момент на државата ѝ треба кеш и се откажале од нешто што било значаен ресурс“.

„Во меѓувреме добивме руски сигурен партнер кој си ја вршеше својата работа. Во времето кога државата беше посиромашна, буџетот се полнеше со околу 15 проценти од приходите на НИС, а денес со околу 9 проценти, бидејќи државата зајакна. Приходите се помали затоа што економијата е посилна,“ изјави тој.

Вучиќ нагласи дека Србија е земја која се темели на владеењето на правото и „не се фали со грабање“.

„Како држава што почитува закон, не можеме со радост да се согласиме со модели на одземање капитал или туѓа сопственост. Тоа е наша одлука,“ порача српскиот претседател.

Санкциите на САД против Нафтната индустрија на Србија (НИС) се воведени поради нејзината врска со рускиот „Газпромњефт“, кој е мнозински сопственик на компанијата. „Газпромњефт“ поседува околу 56 проценти од акциите на НИС, додека државата Србија има околу 30 проценти. Оваа структура на сопственост, воспоставена по приватизацијата во 2008 година, ја прави компанијата директно изложена на последиците од западните санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.

Во изминатите години, НИС беше еден од најголемите инвеститори и даночни обврзници во Србија, со стратешка улога во снабдувањето со гориво и нафта на целиот Балкан. Таа управува со рафинериите во Панчево и Нови Сад, како и со мрежа од над 400 бензински пумпи во регионот.

Воведувањето на санкциите може сериозно да го наруши енергетскиот баланс на Србија, бидејќи земјата зависи од увоз на сурова нафта преку хрватскиот нафтовод „Јанаф“. Во минатото, Загреб неколкупати најави дека би можел да го прекине или ограничи транспортот на руска нафта до Србија, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето.

СТАПИЈА НА СИЛА САНКЦИИТЕ НА САД ЗА СРПСКАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Плаќањето гориво на пумпите ќе се одвива само во динари

ХРВАТСКА СЕ ПОНУДИ ДА ЈА КУПИ СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА Гасоводот ЈАНАФ ја запре испораката на нафта за НИС


Поврзани содржини