ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА ПРОМЕНИТЕ СЕ ТЕКТОНСКИ Историска е одлуката на Србите да ги напуштат институциите на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „ова не е ниту прв, ниту последен пат Србија да биде нападната за прашањето за Косово“ и дека е важно сега да се однесуваат „сериозно и одговорно“.
– Сигурно зборуваме за големи политички, речиси тектонски промени – истакна Вучиќ во интервју за телевизијата Пинк, додавајќи дека одлуката на Србите да ги напуштат институциите на Косово е историска.
Тој посочи дека приказните дека тоа го направиле по наредба на Белград се бесмислени и дека тие што го кажуваат тоа не сакаат да видат што сакаат Србите и со какви проблеми се соочуваат.
Вучиќ рече и дека ноќта меѓу 29 и 30 јуни спречил „невидено крвопролевање“ на северот на Косово, бидејќи Србите подигнале барикади, а на припадниците на специјалните единици на косовската полиција им било наредено да ги урнат.