ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА ГО ОЦРНУВААТ ИСТО КАКО ТРАМП ВО САД Српскиот лидер гледа иста шема во медиумите
Сепак, Вучиќ додаде дека „тежината на неговата функција сè уште не може да се спореди со онаа на американскиот претседател“.
Се користат исти тактики, наративи и суштина во кампањите против Трамп и против мене, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, повлекувајќи паралела меѓу медиумскиот притисок во Америка и во Србија.
Во својот говор во Мајами, каде што присуствуваше на митинг на Републиканската партија, Вучиќ нагласи дека медиумската кампања против американскиот претседател Доналд Трамп е пресликана со неговиот политички третман во Србија.
Сепак, Вучиќ додаде дека „тежината на неговата функција сè уште не може да се спореди со онаа на американскиот претседател“.
Одговарајќи на критиките од Европската Унија за најавеното присуство на парадата на 9 Мај во Москва, Вучиќ ги обвини европските институции за „опседнатост со неговите потези“, пренесе бриселскиот портал ЕУалајв.
– Секој мој чекор го мерат со лупа. Ако одам во Москва, тоа е проблем, ако не одам, повторно е проблем. Но, нема да дозволам некој од Брисел да ми крои надворешна политика — рече Вучиќ.
Осврнувајќи се и на ситуацијата во Србија, Вучиќ ги нарече студентските протести „тажна слика од минатото“ и оцени дека тие не носат конструктивен придонес за општеството.