ВУЧИЌ, ТЕ ЧЕКАМ ПРЕД СОБРАНИЕ, ПОРАЧА МАЈКАТА ШТО ГЛАДУВА Дијана oсми ден бара одговорност за загинатиот син
Ако господинот претседател сака да разговара, нека дојде овде пред сите луѓе и медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, не мој – изјави Хрка, додавајќи дека нема да му прости на српскиот претседател што „нè навредува сите веќе една година, се закануваше дека ќе нè уништи“.
Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој трагично загинал во несреќата на железничката станица во Нови Сад, веќе осми ден штрајкува со глад пред српското Собрание. Нејзиниот протест се претворил во симбол на мајчинска упорност, бидејќи таа одбила да го прифати повикот за разговор со претседателот Александар Вучиќ и му порачала дека ќе го чека пред институцијата, јави „Блиц“.
– Ако господинот претседател сака да разговара, нека дојде овде пред сите луѓе и медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, не мој – изјави Хрка, додавајќи дека не ја интересира што го мотивирало Вучиќ да ја повика токму сега, по повеќе од една година тишина.
Хрка вели и дека нема да му прости на српскиот претседател што „нè навредува сите веќе една година, се закануваше дека ќе нè уништи“.
Вучиќ претходно изјавил дека е „спремен да ја прими и да ја посети, доколку навистина сака разговор“, и објавил видео на кое се гледа како Хрка му скандира навреди, додавајќи дека „секој разговор е благороден“.
Протестот на Хрка започнал на 2 ноември, еден ден по годишнината од смртта на нејзиниот син. Таа бара одржување на вонредни парламентарни избори и одговорност од државата за трагедијата што, според неа, можела да се спречи.