Вучиќ: Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт од ковид-19

Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секое лице, да видиме како тоа изгледа. И тоа ќе го сторат клиничарите - изјави Вучиќ и додаде дека не смета дека тука ќе има многу големи разлики.

257

Во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од ковид-19 откоку што официјално било соопштено, јави дописникот на МИА од Белград.

Денес реагираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.






– Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секое лице, да видиме како тоа изгледа. И тоа ќе го сторат клиничарите – изјави Вучиќ и додаде дека не смета дека тука ќе има многу големи разлики.

Тој порача дека државата не криела ништо и дека ќе работи транспарентно и во иднина.

Говорејќи за несовпаѓањето на податоците за бројот на смртни случаи од коронавирусот, Вучиќ кажа: !„Горд сум на сите лекари, никој од нас не излажа ниту еден збор. Се слушнав со луѓето од Батут, тие велат дека имаат помалку смртни случаи”.

И министерот за здравство, Златибор Лончар, се огласи повторно денес со оценка дека „не се точни“ информациите да има три пати повеќе починати од коронавирус.

-Стојам зад фактот дека ова не е засновано на никакви докази, тоа апсолутно не е точно – кажа Лончар.

Од друга страна, денеска реагираа и медицинските лица од здружението „Обединети против ковид“ кои оценија дека признавањето на д-р Предраг Кон, да тој носел одлуки засновани на неточни информации е доказ дека „кризниот штаб не ја водел земјата добро низ пандемијата“ и посочија дека епидемиолозите како што е д-р Кон, кои донесуваа одлуки засновани врз неточни информации, се опасноста по нацијата.

Поврзани содржини