Вучиќ: Сите земји од регионот се зад нас, остана само Хрватска

Претседателот додаде и дека повеќето граѓани во Србија се задоволни од успехот на земјата.

1,166

Ќе ја престигнеме Хрватска многу побрзо отколку што очекуваме, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на телевизијата „Пинк“.

Тој посочи дека Србија ќе ја престигне Хрватска во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.






– За една и пол година ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП. За шест години, пак, ќе ја надминеме во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас – рече Вучиќ.

Претседателот додаде и дека повеќето граѓани во Србија се задоволни од успехот на земјата.

– Не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни, туку мора секогаш да се жалиме за нешто. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Мора да растеме и да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција – рече Вучиќ.

Поврзани содржини