ВУЧИЌ СЕПАК САМО УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА Српските медиуми се коригираа, откако најавија дека претседателот доаѓа денеска

Претходно, српските медиуми јавија дека српскиот претседател ќе биде од денеска е во дводневна посета на Македонија.

808

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре во Македонија ќе присуствува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на состанокот на лидерите за Планот за раст на Западен Балкан.

Во 9:40 часот ќе се одржи панел дискусија на лидерите, а во 11 часот е закажана пленарна средба на лидерите со претставници на меѓународни организации, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.






Во 12:15 часот ќе се одржи прес-конференција на лидерите на Западен Балкан, се вели во соопштението, објави РТС.

Претходно, српските медиуми јавија дека Вучиќ од денеска е во дводневна посета на Македонија.

Поврзани содржини