Вучиќ се обрати на нацијата во тренерки и предизвика лавина од рекации
Дел од граѓаните споделија и фотографии на Слободан Милошевиќ исто така во тренерки.
Изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дадена во тренерки предизвика рекации на социјалните мрежи. Изјавата е објавена на неговиот Инстанграм профил.
Тој во изјавата дадена вчера информира дека до март во Србија ќе пристигнат еден милион дози од вакцината против коронавирус .
– Почитувани граѓани на Србија, се извинувам што сум облечен вака, но од утрово имав неколку важни телефонски разговори со наши пријатели ширум светот, за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани. Горд сум на нашиот народ за разбирањето на важноста на вакцинацијата, за сфаќањето дека здравјето е поважно од било што за нашата земја.Одлична вест за Србија. Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март. Да живее Србија! – рече Вучиќ
View this post on Instagram
„Почитувани граѓани, извинете за неформалната облека, но од утрово победуваме странски платеници и домашни предавници“, „Ќе бидеш соодветно облечен кога еден ден ќе паднеш од власт“, се само дел од реакциите.
Bićeš ti adekvatno odeven, kad jednog dana padneš sa vlasti. Ne gine ti košulja koja se zakopčava pozadi. U “Lazi”, ili Gornjoj Toponici. pic.twitter.com/DTArElVKwt
— Nikola Panić (@PanicNikola) January 30, 2021
Некои објавија и фотографии на Слободан Милошевиќ исто така во тренерка.