Вучиќ се фали дека излегувал во скопска „Тропикана“, Заев го гледа бледо (ВИДЕО)

Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја „Тропикана“. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде – рече претседателот Вучиќ.

2,931

За време на вчерашната прошетка на Скопје на тројцата лидери на „Мини Шенген“, како и градоначалникот Петре Шилегов, српскиот претседател Александар Вучиќ се потсети дека како млад доаѓал во Скопје и констатира дека градот е многу сменет.

– Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја „Тропикана“. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде – рече претседателот Вучиќ.






За време на проштеката, новинарката од ТВ Пинк, која вршеше директен пренос, го праша премиерот на Македонија, каде се наоѓа кафулето кое го споменува српскиот претседател, на што Заев одговара дека не знае.

– Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно – одговори Заев.

Поврзани содржини