📷 ВУЧИЌ РЕАГИРАШЕ НА СТАТИЈА НА „ГАРДИЈАН“ Весникот ја смести реакцијата во рубриката „Писма од читатели“

„Гардијан“ го оцени присуството на Вучиќ во политиката на Западен Балкан како „малигно“. Според „Гардијан“, авторитарниот одговор на протестите – кои се проширија во малите градови – придонесе за пад на јавната доверба во лидер кој ја користеше моќта на државата за да им служи на сопствените политички интереси.

382

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на статија во „Гардијан“, а британскиот весник ја објави неговата реакција во рубриката „писма од читатели“, објавува Нова.рс.

Како што пишува Нова.рс, за писмото на Вучиќ, за Н1 зборуваше аналитичарот за меѓународни односи Мирко Даутовиќ, истакнувајќи дека неговиот одговор е објавен во печатеното издание на „Гардијан“ во викенд-додатокот, на седмата страница во рубриката „писма од читатели“.






Некои од темите во овој рубрика вклучуваат проблеми со трендот на блек метал музиката, мислења за интервјуто со Ник Клег (пензиониран британски политичар и поранешен лидер на либералните демократи), а тука е и рубриката „Кантри дневник“, или, како што го опишува „Гардијан“, „дневни извештаи од село и природа“.

Како што потсетува Нова.рс, во статија објавена од „Гардијан“ на 25 август се наведува дека „демонстрантите заслужуваат поголема поддршка и солидарност од ЕУ отколку што добиваат“.

„Гардијан“ го оцени присуството на Вучиќ во политиката на Западен Балкан како „малигно“. Според „Гардијан“, авторитарниот одговор на протестите – кои се проширија во малите градови – придонесе за пад на јавната доверба во лидер кој ја користеше моќта на државата за да им служи на сопствените политички интереси.

Тие исто така напишаа дека на Србија ѝ се потребни „слободни и фер избори и соборување на авторитарниот режим од изминатата деценија“.

Поврзани содржини