ВУЧИЌ РАСПИША ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Србите ќе избираат премиер на 17 декември
Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија - рече спрскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.
– Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија – рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година.
Претходно и собранискиот спикер Владимир Орлиќ соопшти дека надлежните органи ќе ги спроведат изборите согласно законот.
– Почитувани граѓани на Србија, согласно Законот за локални избори и Законот за локална самоуправа, за 17 декември 2023 година се распишани избори за советници во собранијата на 65 градови и општини во Република Србија. Таа одлука ќе стапи на сила во моментот на објавување во Службен весник и оттогаш почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија – рече Орлиќ на конференција во Собранието на Србија.
Кампањата ќе трае до 14 декември на полноќ, кога ќе започне изборниот молк.