Вучиќ побара од српската влада бесплатна вакцинација за Македонците
Македонците ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра-Зенека“ и „Спутник V“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ побарал денеска од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, дознава српски Блиц.
И граѓаните на БиХ од денеска можат да се вакцинираат било каде на територија на Србија.
Вучиќ вчера изјави, вакцини има доволно за сите ширум Србија.