ВУЧИЌ ОБЕЗБЕДИ ГАС ЗА СРБИЈА БЕЗ ХАРМОНИКА Путин им дава попуст на партнерите од Белград
Мислам дека ќе се договориме. Ќе изнајдеме реение кое ќе биде прифатливо за нешите српски партнери, изјави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на состанокот со српскиот колега Александар Вучиќ во резиденцијата во Сочи.
Рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Москва и Белград ќе пронајдат прифатливо решение за постигнување нов договор за испорака на гас.
– Мислам дека ќе се договориме. Ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за нешите српски партнери – изјави Путин на почетокот на состанокот со Вучиќ во резиденцијата во Сочи.
Путин истакна дека за декември е планирана посета на српската премиерка Ана Брнабиќ во Русија, додека, пак, Вучиќ рече дека односите помеѓу Србија и Русија се на највисоко ниво во целата историја на двете земји.
И двајцата претседатели целиот разговор го водеа на руски јазик.