Вучиќ нема прв да се вакцинира против ковид-19, еве кој ќе ја има честа

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово објави дека вакцинирањето со вакцината Фајзер ќе започне утре и дека на списокот со приоритети ќе бидат домовите за стари лица, но дека првата вакцина ќе ја прими „некој од власта“ како доказ за валидноста на вакцината.

407

Српската премиерка Ана Брнабиќ е првата личност во Србија којашто ќе ја прими вакцината против коронавирус, соопшти денеска српската Влада.

На Националниот институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, вакцината ќе ја примаат двајца членови на кризниот штаб – министерот за труд, вработување и социјална заштита и епидемиологот Предраг Кон.






Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово објави дека вакцинирањето со вакцината Фајзер ќе започне утре и дека на списокот со приоритети ќе бидат домовите за стари лица, но дека првата вакцина ќе ја прими „некој од власта“ како доказ за валидноста на вакцината.

– Дали ќе бидам јас, Ана Брнабиќ или Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, ќе видиме – изјави Вучиќ пред новинарите.

Поврзани содржини