📸 ВУЧИЌ НАЦРТА 5 ТОЧКИ НА ТАБЛАТА „Тие сакаат крај за Србија“

Морално осакатување, економско слабеење, медиумска агресија, желба за конфликт и интервенција на НАТО кои ќе завршат со крај на Србија се, според тврдењата на Вучиќ, пет нешта кои произлегуваат од комеморацијата на Сребреница. Во необично обраќање до јавноста срспкиот претседател вели дека со комеморацијата српските граѓани се изложени на навреди и најдиректни закани, но дека Србија нема да падне на провокациите.

4,726

Српскиот претседател Александар Вучиќ на школска табла со креда напиша пет точки кои, според неговото тврдење, се закани за Србија кои се упатени со комеморацијата на геноцидот во Сребреница во регионот.

– Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО, вчера имаше недвосмислен повик за конфликт, а десетпати спомнувањето на наводната големосрпска политика е јасно таргетирање, а целта е уништување на Србија, – изјави Вучиќ.






Како што додаде, наместо тоа да биде можност за зборови на помирување и почит кон жртвите, граѓаните на Србија, српскиот народ и Република Српска беа изложени на навреди и на најдиректни закани.

Вучиќ порача дека Србија нема да падне на провокациите кои доаѓаат од Босна и Херцеговина, ниту ќе војува со Бошњаците.

– Ви велам сега отворено – нема да војуваме против вас, можете да правите што сакате, можете да измислувате, можете да провоцирате колку сакате, а ние нема да војуваме против вас. Ние не сакаме да војуваме против Бошњаците. А тоа е мојата порака и на Бошњаците во Србија и на Бошњаците во Босна и Херцеговина – нагласи Вучиќ.

Вучиќ потоа ги истакна чекорите на наводниот „напад на Србија“:

 

1. Морално осакатување на Србија (Вермахтизација)

Вучиќ смета дека наместо да се разговара со Србија секогаш се повикува на меѓународни набљудувачи. Според него, моралното осакатување се врши „преку историски ревизионизам, додека туѓите злосторства не смеат да се повторат, преку обвинувања дека Србија е „руски агент“, обвинувања дека Србија сака војна, преку „недостиг на демократија“ каде Србија треба да се прикаже како антизападна и делата да бидат преземени против нашата земја“.

2. Економско слабеење на Србија

– Тоа се охрабрува преку забавување на европските интеграции на Србија, преку суспендирање на Јадарита, што се прави многу лукаво – рече Вучиќ.

3. Медиумска агресија

– Тука можете да слушнете дека сум убиец, диктатор. Погледнете како функционираат главните медиуми во Сараево, Подгорица, Загреб, Приштина. Што и да правите добро, тоа мора да се прикрие – рече тој.

4. Желба за конфликт и интервенција на НАТО

– Ова е заедничко за сите, и за оние во Приштина и за оние во Сараево – рече Вучиќ.

Тој објасни дека им е важно да ја испровоцираат Србија за НАТО да нема изговор да интервенира за да биде скршена Србија.

– Видете, Република Српска(РС) донесе одлука да ја одложи седницата за раздружување. Дали забележавте дека ова никаде не е новост? Сè е насочено кон желба за конфликт и интервенција на НАТО, бидејќи Србија е сè уште мала, важно е да провоцираат НАТО да интервенира. Тоа вчера беа недвосмислени повици за конфликт. Србија е добра само кога им ги исполнува нивните желби – рече Вучиќ.

5. Крај на Србија

 

Поврзани содржини