Вучиќ набави волшебна ампула против корона за лица со дебелина и со висок притисок

Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има прекумерна тежина, ја добие оваа ампула тогаш ќе биде излечен 95 проценти. Овој американски лек против корона чини 600 долари, рече Вучиќ.

1,885

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на гостувањето на државната телевизија РТС извади кутија со лекот „бавланивимад“, кој се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со коронавирус.

Станува збор за исклучително скап американски лек.






– Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има прекумерна тежина, ја добие оваа ампула тогаш ќе биде излечен 95 проценти. Овој американски лек против корона чини 600 долари – рече Вучиќ.

Тој посочи дека во понеделник ќе дојдат 1.800 вакви ампули во Србија, а лекарите многу бргу ќе ги имаат во протоколот.

Вучиќ рече дека со ова сакал да покаже колку српската држава се бори да ги спаси животите на граѓаните.

Поврзани содржини