Вучиќ на прошетка во Скопје доби комплименти и возврати: Македонците се љубезни луѓе и се сакаат со Србите
Граѓаните ги запреа Вучиќ, Заев и Рама за време на прошетката, со цел да им посакаат добредојде. Многу ми е драго што дојдовте во Скопје, многу ве почитувам“, му рече една жителка на Скопје на претседателот на Србија, за што Вучиќ и се заблагодари.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на С.Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама, јавуваат српските медиуми.
За време на прошетката, скопјани се приближија да се поздрават со лидерите од трите земји, а некои сакаа и да направат селфи со нив, што Вучиќ, Рама и Заев со задоволство го прифатија.
Вучиќ изјави дека не бил во Скопје долго време, од младоста.
Граѓаните ги запреа Вучиќ, Заев и Рама за време на прошетката, со цел да им посакаат добредојде.
– Многу ми е драго што дојдовте во Скопје, многу ве почитувам – му рече една жителка на Скопје на претседателот на Србија, за што Вучиќ и се заблагодари.
„Македонците се љубезни луѓе. Србите и Македонците секогаш се сакаат, никогаш немало никакви проблеми, но важно е да продолжиме да градиме такви односи“, рече Вучиќ.