🎥 ВУЧИЌ МУ СЕ ОБРАТИ НА ПУТИН НА РУСКИ ЈАЗИК Србија е единствената земја во Европа што не воведе санкции за Русија
Нашето стратешко партнерство е заемно корисно и носи позитивни резултати и за Русија и за Србија, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Кина.
Србија е во тешка ситуација да се справи со притисоците од почетокот на украинската криза, но успеа да одржи принципиелен став во однос на Русија, му рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг на средбата во Пекинг. Вучиќ пред камерите му се обрати на Путин на руски јазик.
Путин нагласи дека Русија ја почитува независната политика што ја води Србија под водство на Вучиќ.
– Нашето стратешко партнерство е заемно корисно и носи позитивни резултати и за Русија и за Србија – рече Путин.
Рускиот претседател оцени дека е забележан одреден пад во трговската размена меѓу Русија и Србија во 2024 година, но оваа година има позитивен тренд, кој треба да се консолидира. Рускиот лидер истакна дека руското и српското министерство континуирано соработуваат, доста интензивно и со резултати.
– Според мене, следниот состанок на Комитетот за трговија и економски односи е закажан за крајот на оваа година во Белград, и ние, секако, сме подготвени и заинтересирани да продолжиме со нашата заедничка работа во овие области – нагласи рускиот претседател.
Вучиќ му се заблагодари на Путин за топлиот прием што го доби за време на неговата посета на Москва на 9 мај.
Според Вучиќ, соработката на највисоко ниво со Русија во сите области е многу важна за Србија, особено во областа на енергетиката и кога станува збор за снабдувањето со руски гас.
– Соработката на највисоко ниво со Русија во сите области е многу важна за Србија и се надевам дека ќе имаме можност да подобриме некои аспекти на соработката. Енергетиката е многу важна област, особено набавката на гас – рече Вучиќ на руски јазик.
Тој додаде дека сите руски компании кои би сакале да учествуваат во инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги РЖД, Росатом и многу други, се добредојдени во Србија.
– Србија е во тешка ситуација. Сакам да ве информирам дека од почетокот на украинската криза, Србија е во тешка ситуација за да се справи со притисоците, но сепак успеавме да ја одржиме нашата принципиелна позиција во однос на Руската Федерација и ќе продолжиме да се бориме за независноста на Србија, а исто така ќе се обидеме да се бориме да останеме единствената земја во Европа што не вовела никакви санкции врз Руската Федерација – рече Вучиќ на руски.
Vucic spoke in Russian during his meeting with Putin in Beijing.
He boasted that Serbia is “the only country in Europe that hasn’t imposed any sanctions on the Russian Federation.”
Ahead of his previous meeting with Putin, the EU had stated that it “will not be taken lightly.”… pic.twitter.com/0a8fx99jO5
— Admirim (@admirim) September 2, 2025