ВУЧИЌ, КУРТИ И ПОСРЕДНИЦИТЕ ГО „ПЕГЛАА“ ДОГОВОРОТ, НО ПЕНКАЛАТА ОСТАНАА МИРНИ Што се случуваше на средбите во Охрид?
Американскиот дипломат Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. „Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот“, прецизираше тој.
Лидерите на Косово и на Србија, Албин Курти, во неделата воп Охрид ја почнаа последната рунда разговори со посредство на Европската Унија, без најави дека ќе дојде до потпишување на документот од 11 точки.
Агенцијата Франс прес (АФП) пишува дека во документот од 11 точки пишува дека ниту една страна нема да прибегне кон насилство за да го реши спорот, ниту ќе се обиде да ја спречи другата да се приклучи на Европската Унија или во други меѓународни тела, што е клучно барање од Косово.
Србија долго време одбива да го признае едностраното прогласување независност на Косово, направено во 2008 година, наведува АФП. По разговорите во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ вети дека никогаш нема да ја признае Приштина или да обезбеди пат што ќе им овозможи да се приклучат во Обединетите нации или во НАТО.
Пред самитот во Охрид Вучиќ пркосно изјави: „Не планирам да потпишам ништо. Состанокот „нема да биде историски или револуционерен“.
На почетокот на неделата, косовскиот премиер Албин Курти рече дека е оптимист во врска со постигнувањето договор, но одговорноста за потпишувањето на договорот ја префрли на Вучиќ.
„Дали ќе успее или не, вие добро знаете дека тоа не зависи само од мене“, рече Курти.
Претставникот на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
– Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот – нагласи Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа во Охрид.
Страните не можат да изберат што да спроведат, а што не од овој договор, објасни Ескобар.
Како набљудувач, тој учествува на средбите меѓу премиерот на Косово и претседателот на Србија, кои се со посредство на шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.
Во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, Ескобар рече дека е малку веројатно таа некогаш да се трансформира во Република Српска, српскиот ентитет кој постојано го доведува во прашање функционирањето на Босна и Херцеговина.
Средбите веќе се завршени и од изјавите на учесниците ќе се насети каков е исходот на самитот чиј домаќин беше Охрид.