ВУЧИЌ КАКО ПРОФЕСОР ПРЕД КАРТАТА НА СРБИЈА Претседателот се фалеше каде градел автопати! ФОТО

„Да не се спрема за приемен испит на Географскиот факултет?“, „Ме потсеќа на мојот професор по историја“, „Онлајн часови по географија“ се само дел од коментарите на луѓето. 

343

Како професор со стапче во раката на табла пред картата на Србија, претседателот Александар Вучиќ вчеравечер во тв-емисијата „Кирилица“ покажуваше кои патишта ќе ги гради во земјата, пренесува Нова. Гостувањето на Вучиќ насмеа некои, а збуни други луѓе по социјалните мрежи.

„Да не се спрема за приемен испит на Географскиот факултет?“, „Ме потсеќа на мојот професор по историја“, „Онлајн часови по географија“ се само дел од коментарите на луѓето.






Видете ги сликите од емисијата кои луѓе ги постираа на Твитер.

 

Како и обично, Вучиќ не заборави да ги спомне растот на економијата и инвестициите во Србија, а со себе носеше и куп хартии за да ги поддржи своите аргументи. Претседателот потроши 45 минути на почетокот од емисијата да зборува за неодамнешната тепачка меѓу актерот Драган Бјелогрлиќ и режисерот Драган Антонијевиќ која се случи во хотелот „Амбасадор“ во Ниш, скандал кој може да го чини Бјелогрлиќ пет години затвор.

Погледнете дел од гостувањето на Вучиќ во следното видео.

Поврзани содржини