ВУЧИЌ И КУРТИ СЕДНАА НА ИСТА МАСА ВО ОХРИД Ништо спектакуларно не се очекува, освен добри фотографии
Во Охрид почна заедничката средба на претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, со високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник за дијалогот меѓу Косово и Приштина, Мирослав Лајчак.
Претходно Лајчак и Борел одржаа поеднинечни средби во Курти и Вучиќ.
Најавено е дека по заедничката средба, Борел на прес-конференција ќе го соопшти исходот од средбата.
Но, веќе се знае дека самитот во Охрид ќе заврши без потпишување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот, но не и негово потпишување.