ВУЧИЌ ГИ ЗАСУКА РАКАВИТЕ Еве со кој специјалитет ги угости Заев и Рама (ФОТО)

Претседателот на Србија на Инстаграм налогот „будучностсрбије“ објави заедничка фотографија со премиерите Заев и Рама со наслов-Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели!

1,970

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој утре ќе учествува на Бледскиот стратешкиот форум, организираше вечера за премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.

Тој на Инстаграм налогот „будучностсрбије“ објави заедничка фотографија со премиерите Заев и Рама со наслов-Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели!






– Се наоѓаме во ресторан „Земоно“ на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во „Земоно“, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.

 

Поврзани содржини