Вучиќ ги „купил“ навивачите на Партизан и на Црвена ѕвезда?

Тој ја препозна нивната сила во новите времиња и нивната важност и на перфиден начин го усоврши до крај, назначи свои водачи и ги направи свои фаланги од навивачите - рече Вујошевиќ.

666

Кошаркарскиот тренер Душан Вујошевиќ, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги „купил“ водачите и одредени групи навивачи на Црвена звезда и на Партизан, „кон кои се однесува и и ги користи како свои фаланги“.

– Не знам дали биле и тие под фантомки кога се уриваше Савамала, но сосема е можно дека некои од нив биле таму. Можно е дека некои од нив (за време на неодамнешните демонстрации) биле во група која фрлаше кон полицијата. Тие ќе застанеа крај фонтаната, а полицијата не оди кон нив, туку ги тепаше студентите – нагласува Вујошевиќ во интервју за неделникот „НИН“.






Говорејќи за врските на Александар Вучиќ со навивачите, Вујошевиќ рече дека Вучиќ соработувал со нив дури и кога бил генерален секретар на Српската радикална партија.

– Тој ја препозна нивната сила во новите времиња и нивната важност и на перфиден начин го усоврши до крај, назначи свои водачи и ги направи свои фаланги од навивачите – рече Вујошевиќ.

Вујошевиќ изјави дека Вучиќ во периодот кога бил првиот вицепремиер на Владата на Србија, отишол во канцеларијата на навивачите за време на неговата посета на Партизан, а не во седиштето на Спортското здружение или во просториите на фудбалскиот или кошаркарскиот клуб.

Поврзани содржини