ВУЧИЌ E ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА ПОЗИЦИЈА „Петорката“ нема да му дозволи да распише избори

Според Вујовиќ, најавата за распишување вонредни избори наесен претставува „прст во око“ за меѓународната заедница предводена од ЕУ и САД.

753

„Големата петорка“ нема да дозволи српскиот претседател Александар Вучиќ да организира вонредни претседателски и парламентарни избори во 2023 година – смета поранешниот амбасадор на СРЈ во САД а сега политички аналитичар и коментарот Небојша Вујовиќ.

Вујовиќ за агенцијата Бета изјави дека претседателот Вучиќ е во многу тешка ситуација и дека неговата политичка моќ почнала да се „нагризува“. Според него, најавата за распишување вонредни избори наесен претставува „прст во око“ за меѓународната заедница предводена од ЕУ и САД.






– Претставниците на Европската Унија и САД, кои се ангажирани за решавање на косовското прашање, таканаречената „големата петорка“, нема да дозволат Александар Вучиќ да распише предвремени избори бидејќи, според нив, потребно е многу време за спроведување на договорот за Косово. Вучиќ е во многу тешка ситуација и неговата политичка моќ почна да се нагризува. Сега социјалистите сфатија дека политиката на Вучиќ може да ги одвлече надолу – посочи Вујовиќ.

Поранешниот амбасадор смета дека додека Ивица Дачиќ добивал инструкции од американската администрација на Молитвениот појадок во Вашингтон, неговиот сопартиец Бранко Ружиќ го местел Вучиќ на домашен терен.

– За време на собраниската седница, на која тема беше Косово и Метохија, социјалистите ги немаше никаде во клупите, беа потонати. Социјалистите чувствуваат дека Вучиќ и СНС многу брзо ќе ја загубат власта, а не сакаат да станат опозиција бидејќи воопшто не би можеле да се снајдат во таа позиција – изјави Вујовиќ.

 

 

Поврзани содржини