Српскиот претседател Александар Вучиќ преку својот профил на Твитер денеска му го честиташе изборот на Зоран Заев за премиер на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
„Очекувам да ги поттикнеме економските врски, како и соработката во другите области од заеднички интерес, а на добробит на граѓаните на Република Србија и Република Северна Македонија“, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Твитер.