ВУЧИЌ ЈА ПРЕКИНА ПОСЕТАТА НА САД Полета за Белград откако му се слошило

1,688

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош. По прегледите и лекарските консултации, Вучиќ донесол одлука да се врати во Србија. Во текот на наредните денови кабинетот на претседателот би требало да ја информира јавноста за што точно се работи.

Танјуг утрово јави дека Вучиќ е веќе на пат за Белград.






Вучиќ во САД требаше да има средби со луѓе од врвот на Републиканската партија, како и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и со српски претприемачи од САД.

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му посака на Вучиќ што побрзо опоравување.

Најавената посета на Вучиќ на Москва на 9 мај сега е доведена во прашање, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа.

Поврзани содржини