ВУЧИЌ ЈА ПРЕДЛОЖИ БРНАБИЌ ЗА МАНДАТАР ЗА СОСТАВ НА СРПСКАТА ВЛАДАТА За да нема кавги, Дачиќ и Мали добиваат нови функции
Одлуката беше комплицирана и сложена и во рамките на најголемата партија во земјава, а сите тројца кандидати за премиер ќе бидат членови на Владата, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија.
– Во согласност со Уставот, откако го слушнав мислењето на претставниците на изборните листи, донесов одлука за предлогот за кандидат за претседател на Владата на Србија. Одлуката беше комплицирана и сложена и во рамките на најголемата партија во земјава, а сите тројца кандидати за премиер ќе бидат членови на Владата. Кога имаше избори меѓу Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, ниту една страна не преовлада, бидејќи имаат силна поддршка во партијата. На Националното собрание му ја предлагам за премиер Ана Брнабиќ – рече Вучиќ.
За да нема кавги меѓу коалициските партнери, додаде тој, Ивица Дачиќ, Синиша Мали и Милан Вучевиќ ќе добијат важни функции во новата влада на Брнабиќ.
Па така, освен вицепремиерска пизиција, Дачиќ ќе ја добие и функцијата координатор на службите за безбедност, додека, пак, досегашниот министер за финансии Синиша Мали сега ќе ја добие функцијата потпретседател на Владата.